Connect with us

SPORTM.mk

Лукаку го пропушта големото дерби со Ливерпул?

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку би можел да остане надвор од „сините“ за дербито со Ливерпул денеска на „Стемфорд Бриџ“.

Според медиумите на островот, ситуацијата со белгискиот фудбалер станува се покомплицирана. Како што е познато, Лукаку даде интервју во Италија, при што отворено го критикуваше менаџерот на тимот Томас Тухел и додаде дека не е задоволен од неговата позиција на Стемфорд Бриџ. Лукаку отиде уште подалеку, велејќи дека повторно ќе се врати да игра во Италија.

Она што го кажа Белгиецот ги разбранува духовите во клубот на „сините“, а за подобрено, Тухел има намера да не се потпира на играчот за мечот со Ливерпул. Телеграф, исто така, тврди дека е предвидена висока парична казна за Лукаку, кој за италијанските медиуми зборуваше незаконски и кршејќи ги клупските правила.

За односот кон Лукаку показател беше и новогодишната честитка на лондончани на социјалните мрежи. Тие објавија фотографија со сите свои ѕвезди од машката и женската екипа, а на неа Белгиецот е речиси невидлив.