Connect with us

SPORTM.mk

Мурињо објави фотографија стара 10 години, па се најде во центарот на вниманието во Англија

Жозе Мурињо објави на Инстаграм фотографија стара 10 години, имитирајќи раце врзани со лисици, направена пред 10 години кога беше тренер на Интер, на мечот со Сампдорија. Тогаш на тој начин го искажа револтот кон судиите во Италија. Поради ова беше казнет со три меча суспензија и 40 илјади евра парична казна.

Вчера по мечот Тотенхем-Њукасл (1:1) Мурињо повторно ја објави истата фотографија. На овој меч една сомнителна ВАР одлука во 96-та минута им ја скрати победата. Досуден е пенал поради играње со рака на еден домашен фудбалер, а Њукасл постигна гол и однесе еден бод.

 

View this post on Instagram

 

A 10 year old picture

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho) on