Connect with us

SPORTM.mk

Надал се пензионираше, Федерер и Ѓоковиќ со емотивни пораки!

Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ се огласија за да го испратат третиот член на „големата тројка“ на тенисот, Рафаел Надал, кој утрово најави крај на својата блескава кариера. Надал преку видео порака најави дека по Дејвис купот и настапот за Шпанија и официјално ќе се збогува од тенисот. За нешто повеќе од еден месец, 38-годишниот Шпанец и официјално ќе се пензионира, по финалето на Дејвис купот со Шпанија, кое ќе се одигра во Малага од 19 до 24 ноември. По тој повод Федерер и Ѓоковиќ, двајцата тенисери кои заедно со Надал го создадоа најдоброто нешто што овој спорт го имал досега. Федерер испрати кратка, но многу силна порака.

“Каква кариера, Рафа! Отсекогаш се надевав дека овој ден никогаш нема да дојде. Ти благодарам за незаборавните спомени и сите твои неверојатни достигнувања во спортот што го сакаме. Беше апсолутна чест”, напиша Федерер.

Од друга страна, Ѓоковиќ беше многу подетален и рече дека една објава не е доволна за да се наведат сите заеднички спомени.

„Рафа, една објава не е доволна за да ја изразам почитта што ја имам кон тебе и она што го направи за нашиот спорт. Ти инспирираше милиони деца да почнат да играат тенис и мислам дека тоа е веројатно најголемото достигнување што некој може да го посака. Tвојата истрајност, посветеност и борбеност ќе бидат учени со децении, само ти знаеш низ што требаше да поминеш за да станеш икона на тенисот и спортот воопшто“, рече Ѓоковиќ и испрати благодарница.