Connect with us

SPORTM.mk

Нејмар брзо ја избриша својата реакција на пеналот на Барса, но веќе беше доцна (ФОТО)

Нејмар не можеше да настапи на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона поради повреда.

Иако ја немаше бразилската суперѕвезда, Парижаните успеаја да ја наполнат мрежата на Каталонците. Заврши 1:4, а домашниот тим прв стигна до целта.

Лионел Меси успешно го реализира пеналот откако Френки де Јонг кој падна во казнениот простор.

Нејмар реагираше на Твитер по досудувањето на пеналот. „Тој пенал е шега“, напиша Бразилецот.

Sвездата на ПСЖ брзо ја избриша објавата, сепак веќе беше доцна бидејќи неговите следбеници успеаја да го зачуваат.

Многу навивачи копнеат по Нејмар и сакаат да се врати на Ноу Камп, но по ова беше запрашано дали ќе биде така.