Connect with us

SPORTM.mk

Оливер Кан уште еднаш кажа што мисли за Ерлинг Халанд

Повторно зовре ситуацијата околу трансферот на норвешкиот напаѓач и член на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Германските медиуми се упорни, а Халанд се повеќе се сели во Баерн.

Овој пат со ова прашање го изнервираа Оливер Кан, кој имаше жесток одговор.

„За што ни е потребен Халанд? Го имаме Левадовски постигнувајќи 30-40 гола по сезона. Колку пати треба да го повториме тоа, не разбирам“, им рече Кан на новинарите.

Првиот човек на клубот Оливер Кан претпочита нов договор за Полјакот пред евентуалното доведување на Халанд и наводно нема намера да се вклучи во борбата за Норвежанецот.

Раиола претходно објави дека Манчестер Сити, Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен се во конкуренција за доведување на неверојатниот Норвежанец.

„Тој ќе го направи следниот чекор во кариерата“, изјави Раиола за германски Sport1 и продолжи:

„Баерн, Реал, Барселона и Манчестер Сити се меѓу клубовите каде што може да оди“, изјави Раиола.