Connect with us

SPORTM.mk

Почна циркусот: Киргиос сервираше низ нозе, публиката во делириум, противникот остана збунет

Австралискиот тенисер Ник Киргиос не навикна на многу работи кога се во прашање неговите натпревари, а денес ги помести тие граници.

Во првото коло на Австралија Опен Киргиос играше против Лиам Боради и победи со 0:3, во сетови 4:6, 4:6 3:6.

Сепак, овој натпревар ќе остане запаметен по невообичаениот потег на Киргиос.

Имено, домашниот тенисер при еден поен сервираше низ нозе, што предизвика делириум кај публиката.

Во моментот се збуни и Бродје, а на крајот бодот му припадна на Кирјиос.

Ник Кирјиос пристигна во Мелбурн како 113. тенисер во светот, но сепак може да им направи проблем на најсилните тенисери од самиот врв на светот, но најголемиот противник му е главата, а судејќи по денешниот меч, нов циркус не очекува во режија на споменатиот тенисер.

Ник Киргиос е роден во 1995 година и многумина го сметаа за голем тениски талент, но неговата кариера тргна во сосема друга насока, што пред се се должи на неговото однесување.

Неговиот најголем резултат на Грен слемовите се четвртфиналето на Вимблдон 2014 година и четвртфиналето на Австралија Опен во 2015 година.

Најдобриот пласман на АТП листата го имаше во октомври 2016 година, кога беше 13-ти рекет во светот.

Во кариерата има освоено шест титули и има позитивен сооднос од 169 победи и 103 порази.

Сепак, некои од неговите големи победи се во сенка на неговите испади. Имаше кавги со судии, противници, циркуси со публиката, изјави кои кренаа голема прашина во светот на тенисот и спортот воопшто.