Connect with us

SPORTM.mk

Претседателот на полскиот фудбалски сојуз „гори“ од среќа по одлуката на ФИФА

Првиот човек на полскиот фудбалски сојуз, Цезари Кулеша, смета дека правдата е задоволена откако ФИФА ја исфрли Русија од нејзините натпреварувања, а УЕФА ги исфрли сите нејзини клубови.

„ФИФА ја суспендираше Русија! Борбата за правда беше ефикасна! Покажавме дека силата е солидарна. Едноставно ја направивме вистинската работа. Сега се работи за помош на Украина, што ние како фудбалска сојуз на олска ќе го направиме“, напиша Кулеша на својата Твитер профил.

Потсетуваме дека Полска прва одби да игра против Русија. Двете селекции требаше да се сретнат на 24 март во Москва во полуфиналето од плеј-офот за Светското првенство во Катар.

Со оглед на тоа што Русите беа избркани и суспендирани од ФИФА, се уште не се знае кој ќе игра со Полска и дали краовната куќа на светскиот фудбал можеби ќе донесе поинаква одлука.

Спартак од Москва требаше да го одигра осминафиналето на Лига Европа против Лајпциг, но сега германскиот тим без борба ќе се пласира во четвртфиналето.