SPORTM.mk
Пујол го уништи играчот на Севилја по мечот: Се сети на неговата објава и му посака добра ноќ
По продолженијата Барселона ја совлада Севилја со 3:0 и се пласираше во финалето на Купот на кралот.
Каталонците успеаа да го постигнат вториот гол во судиското надополнување во еден навистина одличен дуел, а потоа и во продолженијата да стигнат до победата и се пласираа во финалето.
После натпреварот, легендата на Барса, Карлес Пујол реагираше на Твитер на објавата на играчот на Севилја, Хозе Сус од 11 февруари.
?????????? https://t.co/3gg3A2T5vp
— SusoFernandez (@suso30oficial) February 10, 2021
Средниот бек на тимот од Андалузија тогаш го испровоцира младиот Педри, кој сметаше дека има пенал на дуелот помеѓу Суса и Жорди Алба.
Пујол го „ретвитуваше“ статусот и само напиша:
“Добра ноќ”.
Buenas noches! ?❤️ https://t.co/p08xfVWMiz
— Carles Puyol (@Carles5puyol) March 3, 2021
Потоа коментираше зошто го стори тоа:
“Треба да ги почитувате вашите колеги и да знаете како да го трпите поразот. Педри не го заслужи тоа што го направи. Во фудбалот, сè се враќа”, рече Пујол.