Connect with us

SPORTM.mk

Роналдо има важна порака пред решавачкиот меч со Србија

Португалија синоќа ремизираше со Република Ирска во квалификациски натпревар.

Беше 0:0, а Португалците сега играат меѓусебна одлука со српскиот тим во Лисабон.
На Португалија и е доволен бод за директно пласман на СП во Катар, додека на Србија и е потребна само победа.

Пред овој натпревар и Кристијано Роналдо најави дека верува дека во недела ќе слави во Португалија.

„Секогаш е тешко да се игра во Ирска, но освоениот бод остава се во наши раце. Во недела, пред нашите навивачи и во нашата куќа, ќе го запечатиме нашиот пат до Светското првенство во Катар! Напред Португалија“, напиша Роналдо.

Португалија синоќа остана без Пепе, кој заработи втор жолт или црвен картон во 82. минута.

Португалија и Србија сега имаат по 17 бода.