Connect with us

SPORTM.mk

Рускиот гимнастичар кој го носеше озлогласениот симбол на градите тврди: „Се започнаа Украинците“

Меѓународната гимнастичка федерација го истражува рускиот натпреварувач Иван Кулијак поради неговото шокантно однесување на натпреварувањето на Светското првенство во Доха (Катар).

Ќе потсетиме дека руските спортисти мораа да настапуваат без национални симболи поради санкциите наметнати од други спортски асоцијации, а по препорака на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), па младиот Кулијак дошол на идеја да ја сошие буквата „З“ на градите на неговата опрема.

Само буквата З не би била проблематична доколку не е еден од главните симболи што ги користела руската армија за време на инвазијата на Украина. Буквата З може да се види на многу руски воени возила, а наводно се користи за идентификација при воени акции и напади.

Рускиот гимнастичар сега се брани дека сакал само да му покаже на светот од каде е, но и дека Украинците го провоцирале.

„Ни рекоа да го покриеме нашето знаме, што и направивме. Веќе забранија се што е можно. Само сакав да покажам од каде дојдов, тоа е се. Никогаш не се плашев од последици и не сакам никого да повредам. Овој „З“ знакот значи „за победа“ и „за мир“. Украинските спортисти лошо се однесуваа со нас… Мораше да видите за да верувате“, напиша тој во Телеграма.

„Украинските гимнастичари го започнаа целото политичко движење. Како одговор на таквото однесување, се појавив со оваа значка на градите. Тие, Украинците, беа завиткани во нивното знаме, извикувајќи „Слава на Украина“ на подиумот. Според правилата на натпреварување, ова не е дозволено, но никој ништо не им кажа. Тие побараа и да не исклучат од Светското првенство, иако никому ништо не кажав и не направив“, изјави рускиот натпреварувач.

Кулијак во паралелното финале освои бронзен медал, додека победата ја однесе Украинецот Илија Ковтун. Заедно се најдоа на подиумот, рамо до рамо, а Кулијак гордо ја истакнува буквата „З“ на градите …