SPORTM.mk
Селекторот на Португалија по победата над Македонија: Беше полесно отколку што се надевав, а сега да го освоиме Светското првенство
Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош се надева на титулата на Светското првенство, бидејќи неговата репрезентација преку бараж обезбеди пласман на турнирот во Катар. Португалија ја совлада Македонија со 2-0 во финалето од плеј-офот од европските квалификации и со тоа ја „завери визата“ за Светското првенство.
„Единствениот сон што сега го имам и е дозволено да сонувам е да победам во третото натпреварување со репрезентацијата. Освоив две, сега сонувам за Светско првенство“, призна Сантош кој ги освои Европското првенство и Лигата на нации.
Тој вели дека мечот против Македонците бил полесен отколку што очекувал, поради „фантастичниот однос на играчите“.
„Тоа беше заслужена и чесна победа. Не се сеќавам на некоја голема акција на Македонија. Ние сме на СП, израдувавме 11 милиони Португалци“, изјави селекторот.