SPORTM.mk
Шпанскиот премиер се обрати на нацијата, фудбалот доби зелено светло!
Шпанскиот премиер Педро Санчез денес даде зелено светло за враќање на Ла Лига, од 8 јуни.
Санчез ја информираше нацијата за актуелната состојба денес, додека рестриктивните мерки наметнати поради новата пандемија на коронавирусот во Шпанија се олеснети.
Конечно, шпанскиот фудбал доби информација за одреден датум по кој ќе биде можно да се играат натпреварите.
Санчез денес објави дека професионалниот фудбал во Шпанија може да продолжи од 8 јуни, што значи дека шпекулациите за плановите за продолжување на сезоната на Ла Лига на 12 јуни би можеле да испаднат вистинити.
?PEDRO SÁNCHEZ ANUNCIA LA FECHA DE VUELTA DE LA LIGA
➡️la Liga de fútbol volverá el 8 de junio pic.twitter.com/w5G5P2vhPn
— Carrusel Deportivo (@carrusel) May 23, 2020
Многу е веројатно дека суспендираната сезона во Ла Лига ќе продолжи со големото дерби, дуелот помеѓу Бетис и Севилја.
Патем, сезоната на шпанскиот шампионат беше прекината по одиграните 27 кола. Барселона е на првото место со 58 бода, два бода повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.