SPORTM.mk
Што ја предизвика познатата пресметка меѓу соиграчите? „Не можев да верувам дека ме удира пред 52.000 луѓе“ (ВИДЕО)
Април 2005 година донесе една од најлудите сцени во историјата на англиската Премиер лига.
Преполниот „Џејмс Парк“ беше сведок на судир на теренот меѓу двајца играчи на Њукасл Јунајтед, Кирон Даер и Ли Бауер, кој настана бидејќи Бауер почувствува дека неговиот соиграч намерно не му ја додава топката.
„Страчките“ загубија дома од Астон Вила со 3:0, а потоа на теренот започна невиден судир меѓу Даер и Бауер.
Години подоцна, Даер сведочеше за сè, опишувајќи настани од теренот.
„Го видов како оди кон мене со „испакнати“ очи. Грам Сонес извика „не го прави тоа“ од линијата, но Ли продолжи да оди кон мене“, напиша Даер во 2018 година и продолжи:
„Го фатив за рамениците и за вратот за да не дојде кон мене. Потоа почна да ме удира“.
Ме удри неколку пати во глава, а јас си помислив: „Не ми се верува дека ме удира пред 52.000 луѓе. За што мисли? Сакав да му дозволам да се издува, но тој ја „загуби“ главата“.
„Ме удри четири пати. Тоа не беа силни удари, но кога ме удри по четврти пат решив да реагирам и го удрив и јас него“.
Бауер, исто така, тврди дека тоа бил момент на лудило
“Тоа беше момент на лудило. На крајот згрешив. Понекогаш работите одат предалеку, но кога навистина сакате да победите, се случуваат такви работи”, изјави Бауер.
Секако и двајцата играчи беа исклучени од натпреварот, но несогласувањата меѓу нив подоцна беа решени.
Бауер го напушти „Сент Џејмс Парк“, додека Даер остана во клубот до 2007 година.