SPORTM.mk
Што се случува во Торино? Рабиот одби да се врати на тренинзите на Јувентус
Францускиот фудбалер Адријан Рабиот пристигна во Јувентус од ПСЖ без надомест пред почетокот на оваа сезона.
Рабиот го напушти Париз кога му истече договорот, но доаѓањето во Јувентус не се покажа како најдобриот потег. Тој дури и не играше за ПСЖ во втората половина од минатата сезона, бидејќи одби да го продолжи договорот и беше решена да дојде во Јуве, но се чини дека погрешил.
Францускиот играч од средниот ред досега има одиграно 24 натпревари за Јувентус оваа сезона, но тој влезе во игра скоро секој пат на крајот од натпреварот. Рабиот започна да покажува незадоволство од неговиот статус во тимот и скоро сигурно ќе го напушти Јуве на крајот на сезоната.
На почетокот на пандемијата на коронавирус, тој одлучи да отпатува за Франција, каде што престојува повеќе од еден месец. Иако тренинзите на Јувентус започнаа минатата недела, нема ниту знак ниту глас од Рабиот.
„Tuttosport“ пишува дека решил да остане во Франција сè додека не се донесе одлука дали ќе продолжи Серија А. Одлуката ги налути челниците на Јувентус кои побараа од него да се врати во Торино, но тој сè уште не го сторил тоа.
Гонзало Игуаин исто така е надвор од Италија, но доби дозвола од клубот да остане во Аргентина уште неколку дена.
Со овој потег, Рабиот ја отежна својата позиција во Јувентус и ќе биде вистинско чудо ако остане во редовите на италијанскиот шампион следната сезона.