Connect with us

SPORTM.mk

Солскјер излажа пред мечот со Тотенхем и ја отпиша ѕвездата поради повреда: „Тој е целосно подготвен“

Оле Гунар Солскјер не го вклучи францускиот фудбалер Антони Марсијал во тимот за натпреварот против Тотенхем.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед објави дека Марсијал е повреден, но неговата сопруга денеска соопшти дека се е во ред со него.

Ентони е целосно подготвен“, изјави неговата сопруга Мелани на социјалните мрежи.

Марсијал оваа сезона одигра само седум натпревари за Јунајтед и постигна еден гол.

Натпреварот Тотенхем – Манчестер Јунајтед започна 18:30 часот, а Јунајтед ќе се обиде да прекине многу лоша серија од четири натпревари без победа, а по првото полувреме се на добар пат да го сторат тоа затоа што имаат предност од 0:1 со голот на Роналдо.

„Црвените ѓаволи“ во моментов се на осмото место на табелата со 14 бодови.