SPORTM.mk
Тажна вест, почина еден од најдобрите фудбалери на сите времиња!
Легендарниот Боби Чарлтон почина денеска на 86-годишна возраст. Чарлтон е една од најголемите легенди на Манчестер Јунајтед, за кого настапуваше од 1953 до 1973 година. Тој беше еден од преживеаните во несреќата во Минхен, кога тимот на Манчестер Јунајтед се враќаше од гостувањето кај Црвена звезда и доживеа трагична авионска несреќа на аеродромот во Минхен. Боби Чарлтон подоцна стана светски шампион со Англија во 1966 година, го освои Купот на европските шампиони со Јунајтед во 1968 година, како и три титули во англискиот шампионат. За Горди Албион одигра 106 натпревари и постигна 49 гола од 1958 до 1970 година.
Sir Bobby Charlton CBE, 1937-2023.
Words will never be enough.
— Manchester United (@ManUtd) October 21, 2023