Connect with us

SPORTM.mk

Тијаго и играчите на Шпанија го воодушевија фудбалскиот свет со својот потег по мечот!

Вечерва репрезентацијата на Шпанија ја победи Швајцарија по пенали и се пласираше во полуфиналето на Европското првенство.

Резултатот по 120 минути игра беше 1:1 и Швајцарија повторно успеа да стигне до пеналот, иако на крајот од мечот останаа со играч помалку кога Фројлер доби директен црвен картон.

Швајцарците беа без грешка во пенал рулетот против Франција во осминафиналето, но вечерва против Шпанија не беше баш така.

Швајцарскиот тим вечерва промаши три пенали, кои Шпанците едноставно не ги промашија и успеаа да победат и да се пласираат во полуфиналето.

Трагичари за Швајцарија вечерва беа Шар, Варгас и Аканџи кои не успеаја да постигнат голови. Тоа беше особено тешко за Варгас, кој не можеше да ги сокрие солзите по мечот.

Сепак, фудбалскиот свет го воодушеви Тијаго Алкантара кој не ја прослави победата со соиграчите туку ги тешеше играчите на Швајцарија.

Тијаго најпрво се приближи за да го утеши Варгас, а потоа отиде кај голманот Сомер кој денес беше навистина фантастичен на голот на репрезентацијата на Швајцарија.

Така, играчот за врска на Ливерпул и Шпанија покажа дека навистина има големо срце и како треба да изгледа фер-играта. Секако, не требаше многу за Тијаго да стане главна тема на социјалните мрежи каде доби големи пофалби.

Исто така, поголемиот дел од шпанскиот тим им аплаудираше на швајцарските играчи по натпреварот додека се упатуваа кон тунелот, што е навистина фантастичен потег.