SPORTM.mk
ВИДЕО: Нов скандал на Африканскиот куп на нации!
Африканскиот куп на нации влегува во финалето.
Во претходниот дел од турнирот беа забележани голем број контроверзни настани кои ја доведоа во прашање регуларноста на натпреварувањето.
Последниот во низата скандали беше виден во последните моменти од четвртфиналниот натпревар меѓу Буркина Фасо и Тунис.
Имено, главниот судија на натпреварот, Бондо, на 20 секунди пред крајот го досуди крајот на натпреварот, што е сосема доволно за да се организира еден напад.
Инаку, Брукина го доби натпреварот со 1:0, а во полуфиналето ќе игра против домаќинот Камерун, кој претходно ја совлада Гамбија.
Слична сцена е видена и претходно. Жртва беше Тунис кога порано беше досуден крајот на мечот со Мали.
Тогаш судијата Сиказве најпрвин го доигра крајот на натпреварот во 85. минута, па ВАР ја исправи неговата грешка, а потоа во 89. минута дефинитивно го досуди крајот. На тој натпревар загуби Тунис со 1:0.