Connect with us

SPORTM.mk

ВИДЕО: Ова е прес конференцијата на која првиот човек на Барселона најави оставка, зошто го смени мислењето за 24 часа?!

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу ја напушти функцијата.

Шефот на каталонскиот клуб долго време одбиваше да поднесе оставка, но денес тоа го стори заедно со другите директори на клубот.

Одлуката е донесена по итен состанок на раководството. Доаѓа само еден ден по изјавата на Бартомеу дека не гледа добра причина за оставка.

Гласањето на недоверба на Бартомеу собра повеќе од 16 илјади потписи.

Претходно, власта на Каталонија го одби барањето на управата на клубот да одржи референдум за да се изгласа недоверба на претседателот на Барселона, Бартомеу.

Настанот требаше да се одржи на 1-2 ноември, сепак, поради оставка на управата на клубот, нови избори ќе се одржат во рок од околу 40 дена.