SPORTM.mk
ВИДЕО: „Пандевци“ поведоа, а потоа добија лекција од Шкупи, за 12 минути примија три голови
По осум одиграни кола лидер во ПМФЛ е Шкупи. Тимот од Чаир собра 17 бодови откако вечерва во дербито славеше како гостин против Академија Пандев со 1:0. Исто толку бодови, но послаба гол разлика има Ренова.
По првото полувреме без голови, веднаш во вториот дел, поточно 49-та Мирчевски му донесе предност на тимот од Струмица. Сепак, за само 12 минути Шкупи успеа целосно да го сврти резултатот, а иако имаше негатива то 78-ма минута, на крајот замина со убедлива победа.
Во 78-ма Ѓорѓиевски израмни на 1:1, а потоа Алварез во 86-та и 90-та со два гола, и двата од пенал, стави точка на мечот.
ПМФЛ, 8.коло
Академија Пандев – Шкупи 1:3
Борец – Скопје 0:2
Работнички – Пелистер 1:1
Ренова – Брегалница 5:2
Струга – Шкендија 1:1
Тиквеш – Македонија ЃП 3:0
ТАБЕЛА: Шкупи 17, Ренова 17, Работнички 15, Академија Пандев 14, Сруга 13, Шкендија 11, Брегалница 10, Македонија ЃП 9, Скопје 8, Борец 7, Тиквеш 5, Пелистер 3.