SPORTM.mk
Звезда: Пет позитивни за коронавирус
Марко Гобеjиќ, Његош Петровиќ, Душан Јованчиќ, Марко Конатар и Бранко Јовичиќ се позитивни за коронавирусот, објави Фудбалскиот клуб Црвена Звезда.
Гобеjиќ, Јованчиќ, Петровиќ и Конатар имаа симптоми на заболување пред мечот од последното коло од српската Супер лига против Пролетер. Нивното тестирање беше направено тој ден и како претпазливост не беа на стадионот во саботата.
Кога станува збор за Јовичиќ, борбениот играч од средниот ред нема симптоми на вирусот, иако неговото тестирање е позитивно.
Како што изјавија од редовите на српскиот шампион, заразените играчи се чувствуваат добро, а нивната состојба внимателно се следи во изолација.
Тестирани беа и други фудбалери и членови на стручниот персонал, раководството и персоналот за поддршка. Сите тестови се негативни.